Тиквеш и Шкендија по пласман во второто коло, Дери сити ќе се вади за катастрофата од Гибралтар (Фото)

6806 Брејдаблик – Тиквеш (21:15)

Фудбалерите на Тиквеш на првиот натпревар покажаа дека во најмала рака се рамноправен противник со Брејдаблик и со фантастичен пресврт успеаја да дојдат до победата од 3-2. Целта на кавадарчани за вечерва е да останат непоразени, а со тоа и да дојдат до историски успех и пласман во второто коло од Конференциската лига, каде што за противник би го имале косовскиот претставник Дрита од Гнилане.

Предлог тип: Х2 (2.75)

 

6782 Шкендија – Ноах (20:00)

Вториот македонски претставник кој вечерва ќе истрча на теренот во Конференциската лига, Шкендија, има негатива од 2-0 од првиот меч против Ноах. Тетовци во Ерменија беа поразени, па избраниците на Јетон Беќири вечерва ќе мора да тргнат во целосна офанзива ако сакаат да си ги задржат шансите за пласман во следното коло. Сето тоа е гаранција дека вечерва во Скопје ќе гледаме ефикасен фудбал.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.96)

 

6778 Ислох Минск – Ла Фиорита (19:00)

Белорускиот Ислох од Минск е голем фаворит против Ла Фиорита од Сан Марино и сè освен убедлива победа денес ќе биде големо изненадување. Фудбалерите на Ислох победија со 1-0 на првиот меч во Сан Марино, а пласманот во следната рунда и дуел против турскиот Истанбул Башакшехир треба да го заверат денес, со нова, поубедлива, победа над претставникот на најслабата лига во Европа.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.11)

 

6767 Урарту – Талина Калев (17:00)

Екипата на Урарту од Ерменија како голем фаворит влегува во дуелот против естонскиот претставник, Талина Калев. Ерменците победија на првиот меч на гостински терен со 1-2, па денес со ефикасна игра треба да се загреваат за следниот противник во Конференциската лига за нив, чешката Острава.

Предлог тип: Т1 1+I & Т1 3+ (2.02)

 

6783 Дери сити – Магпис (20:45)

Најголемото изненадување на првите натпревари од Конференциската лига го направи составот на Магпис од Гибралтар, кој со 2-0 го победи Дери сити од Северна Ирска. Сепак, домашните денес се големи фаворити и се очекува да ја оправдаат оваа улога со убедлива победа, но и да го надминат резултатот на противникот од првиот меч. Сè освен висока победа на Дери сити и пласман во следната рунда ќе биде катастрофален резултат за нив.

Предлог тип: 1 & Т1 3+ (2.12)

- Оглас -

Најнови вести