16.8 C
Skopje
недела, 1 март 2026

Тиквеш и Силекс продолжија со „топло-ладно“ ритамот

Португалецот Мигел Пиреш му донесе победа на Силекс од 1-0 над Тиквеш во Кавадарци во еден од двата денешни мечеви во Првата македонска фудбалска лига.

Силекс со победата се приближи на пет бода зад третата Струга, додека кавадарчани ги разочараа своите фанови и продолжуваат со борба за опстанок и обид за избегнување на баражот.

Сега Тиквеш има по три победи и порази во последните шест кола, резултатите им се во ритамот победа-пораз, а во слична ситуација е и Силекс кој во овие последни шест кола истотака нема ни две победи, но ни два порази по ред (три победи, два порази и едно реми).

Во Гостивар, поведоа ѓорчепетровци преку Ајдоган во 35-та минута, а само три минути подоцна Бесагиќ со прекрасен гол со шут од далечина изедачи. До крајот веќе немаше погодоци, па двата тима своето конто го подобрија со еден бод.

- Оглас -

Најнови вести