Тимот на Тиквеш денеска официјално ги започна подготовките за новата сезона во македонската Прва лига. Со влезот на нови ко-сопственици од Германија, кои заедно со Општина Кавадарци ќе ја предводат управата на клубот, амбициите за претстојниот шампионат се значително зголемени.
На самиот старт од подготовките, Тиквеш ги промовираше и своите три нови засилувања.
Христијан Стевковски ќе ја зацврсти конкуренцијата меѓу стативите, Кристијан Ацковски ќе го засили средниот ред, додека искусниот Дарко Илиевски ќе биде додадена вредност во дефанзивната линија.
Првиот дел од подготовките Тиквеш ќе го одработи во Кавадарци, а потоа ќе се замине во Турција.