Тиквеш загуби со 1-2 од Партизан во пријателски натпревар одигран во турскиот град Анталија, каде што двата тима се на подготовки за пролетниот дел од сезоната.
Сите три гола паднаа во првото полувреме. Кавадарчани поведоа од пенал, со гол на Иван Ивановски во 25-тата минута. Но, само три минути подоцна, белградските Црно-бели израмнија, а стрелец беше Јојиќ. Рикардо Гомеш беше стрелец на голот за пресврт.
Двата тима направија голем број измени во второто полувреме, но резултатот остана непроменет.