Тиквеш „само“ со 3-1 го совлада Шкупи, и ја продлабочи кризата во редовите на актуелниот македонски првак. Денеска е Ден на ослободувањето на Кавадарци, па празникот во градот беше збогатен со фудбалска победа.
Кавадарчани досега никогаш го немаа победено Шкупи, а денеска можеа и поубедливо да го совладаат овој за нив традиционално непријатен противник. Барга Нгоба беше стрелец на сите три гола за Тиквеш.
Тиквеш имаше три порази по ред, а по смената на тренерот Влатко Костов, победен е шампионот кој никако да излезе од криза.
Шкупи во последните три кола има освоено само еден бод, и тоа заедно со неуспехот во Европа и заминувањето на тренерот Гоце Седлоски, само потврдува дека клубот е во голема криза.