Шкендија го совлада Тиквеш во Кавадарци со 4-1 и освои три бода со кои дојде на три бода негатива зад лидерот Вардар, а вардарци имаат и одиграно еден меч помалку. Ова е најтежок пораз на Тиквеш на свој терен сезонава.
Тиквеш беше одличен на почетокот, поведе со гол на Стојковски.

Тетовци изедначија со гол на Тамба во 45-та минута и посмирено отидоа во соблекувална.
После само три минути во вториот дел, Шкендија поведе со гл на Мелиќи и тука како да им се пресекоа нозете на домашните. Првакот го искористи тоа, па даде уште два гола за конечни 4-1. Точка стави Нѕенге кој зимава дојде од Брера Струмица и првпат погоди во дресот на Шкендија.


