Тиквеш водеше, па се спасуваше од пораз против Башкими

Башкими и Тиквеш одиграа возбудливо реми на отворањето од 25-тото коло на Првата македонска фудбалска лига. Мечот во Куманово заврши 2-2, но немаше да биде незаслужено доколку било која од екипите на крајот се радуваше на победата.

Првото полувреме заврши 0-0, а Сила во 54-тата минута погоди за водство на Тиквеш од 0-1. Следуваше пенал за Башкими, но Авронијо промаши. Истиот фудбалер само една минута подоцна погоди за израмнување на 1-1, а во 75-тата минута го донесе Башкими во водство од 2-1.

Тиквеш долго се обидуваше да израмни, а тоа му успеа на Лавал во 92-рата минута. Со ремито во Куманово заврши победничката низа за кавадарчани од четири победи по ред.

И двете екипи остануваат на истите позиции кои ги имаа во пресрет на ова коло. Тиквеш е петти со 37 бода, додека Башкими е на шесттата позиција со бод помалку.

- Оглас -

Најнови вести