Тим го испоти Ѓоковиќ, но првиот светски рекет е во финалето во Мадрид

Новак Ѓоковиќ славеше со 2-0 (7-6, 7-6) во сетови против Доминик Тим во првото полуфинале на АТП Мастерс турнирот во Мадрид. Првиот светски рекет имаше достоен противник во Австриецот, впрочем тој е вицешампион на овој турнир во изминативе две години.

Тим го натера српскиот тенисер преку два тајбрејка да ја бара победата, а тој за првпат по 2011 година ќе игра во финалето од Мастерс турнирот во шпанската престолнина, откако пред осум години го освои во дуел против Рафаел Надал.

Токму Надал може да му биде противник на Ѓоковиќ во финалната средба за трофејот, но за да има реприза Шпанецот ќе треба да го совлада Стефанос Циципас, а тој меч, односно второто полуфинале е закажано за 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести