Тим го симна Зверев од тронот, ќе игра за последната титула во 2019 против Циципас

Доминик Тим ќе игра за првата титула во кариерата на завршните АТП турнири по победата во два сета против Александер Зверев.

Австриецот славеше со 7:5, 6:3 и го детронизира актуелниот шампион, а утре ќе се бори за тој да биде носител на последниот пехар во 2019 година.

Тим направи два брејка во вистинско време, при резултат 6:5 во првиот сет и потоа за 4:2 во следниот и не дозволи да загуби гем на свој сервис што му обезбеди финале.

Претходно денеска Стефанос Циципас исто така во два сета беше подобар од Роџер Федерер, па и тој ќе има шанса за прва круна во Лондон, на завршните АТП турнири во сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести