Тим и Федерер во финалето на Индијан Велс

Доминик Тим и Роџер Федерер ќе играат во утрешното финале на Мастерсот во Индијан Велс, откако на различен начин се пласираа во мечот кој на победникот ќе му донесе 1.000 АТП поени.

На седмиот носител, Австриецот Тим, против Милош Раониќ доволен му беше еден брејк во третиот сет, за да го добие тој ревашачки сет со 6-4, откако првите два завршија во тај-брејк, со по 7-6 за двајцата полуфиналисти по еден.

Другото полуфинале не се ни одигра. Рафаел Надал се предаде уште пред да почне мечот со ривалот. Надал и Федерер кои се двајца од тројцата најдобри светски тенисери во последните 15-тина години, не играле меѓусебе од Мастерсот во Шангај во 2017 година, и ќе мора да почекаат друг шанса.

„Сакам да играм на тврда подлога, но изгледа моето тело не сака. Тешко ми е да го прифатам ова што ми се случува. Се загревав, но сфатив дека коленото не ми е доволно добро за да можам да играм на посакуваното ниво. Тажен сум што поради коленото сум во подредена ситуација во однос на ривалите“ – изјави Надал.

На женскиот турнир, во финалето се пласираа Анџелика Кербер и тинејџерката Бјанка Ванеса Андрееску.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести