Tим ја доби дводневната битка со Ѓоковиќ, на ред е реприза со Надал за трофејот на Ролан Гарос

Во второто полуфинале на Ролан Гарос кое се играше два дена поради невреме, победи тенисерот кој оствари повеќе брејкови. Доминик Тим го совлада првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со 3-2 во сетови (6-2, 3-6, 7-5, 5-7, 7-5) во дводневната битка за своето второ финале во кариерата на еден Гренд слем.

Австирскиот тенисер ќе му биде противник на бранителот на титулата Рафаел Надал, како реприза на ланскиот дуел за титула на Отвореното првенство на Франција Тогаш Надал славеше лесно со 3:0 во сетови.

Првиот чин од средбата заврши при резултат од 1-1 во сетови и 3-1 предност во гемови во корист на Тим. До тогаш, Австриецот запиша три брејка, од кои два беа во првиот сет кој лесно го доби со 6-2. Србинот врати со речиси иста мера, еден брејк му беше доволен да израмни.

Со обновени сили, Тим денес продолжи онаму каде што застана вчера и поведео со 4-1 во гемови во третиот сет. Ѓоковиќ се избори за израмнување на 5-5, но беше залудно бидејќи ги загуби следните два гема. Со 7-5 Новак го доби четвртиот сет откако во три наврати му одзеде гем при сервис на противникот.

Во петтиот и одлучувачки сет сè беше во полза на Тим. Австриецот поведе со 4-1, а на 40-40 во шестиот гем повторно дојде до прекин на мечот поради дожд.

Веднаш на стартот од новото продолжение на мечот, најдобриот светски тенисер успеа да го врати брејкот, намали на 3:4, но потоа се случија клучните моменти. Од 30:0 предност на свој сервис за израмнување на 4:4, Ѓоковиќ направи неколку грешки и му дозволи на противникот да направи нов брејк. И тука не беше крајот, сега Тим во идентична ситуација дозволи рибрејк за 4:5, потоа имаше и израмнување на 5:5. Сепак во финалето ќе игра Австриецот, кој направи нов брејк за 7:5, клучен за победа и финале.

- Оглас -

Најнови вести