Тим ја скроти шпанската фурија – Австриецот ќе игра за финале во Мелбурн

Доминик Тим и Рафаел Надал одиграа уште еден прекрасен меѓусебен меч, а овојпат Австриецот беше подобар и ќе игра полуфинале на Отвореното првенство на Австралија.

Тим победи со 3:1 и ги доби сите три сета во тај-брејк, со што му се реваншира на Надал за поразот на Отвореното првенство на САД во септември лани, во епски меч во пет сета.

Австриецот поведе со 2:0, а потоа Надал намали, откако го доби третиот сет со 6:4. Шпанецот се спаси во финишот на четвртиот сет, кога најпрво намали на 4:5 на свој сервис, а потоа направи и брејк за израмнување. Битката се разгоре, а Тим не искористи уште неколку меч-топки пред да го направи клучниот брејк за 7:6 во поени во третиот тај-брејк и потоа освои победнички поен за полуфинале.

Ова му е прв пробив во квартетот најдобри и ќе игра со 22-годишниот Зверев за прво финале на Отвореното првенство на Австралија.

- Оглас -

Најнови вести