31.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Тим кој последен пат играше во плејофот пред 17 години, сега има шанса да биде најдобар во Западната конференција (Видео)

Кошаркарите на Сакраменто кингс продолжуваат со одличните игри сезонава и се замешаа во трката за првото место во Западната конференција.

Кралевите утринава со 132:118 славеа на гостувањето кај Вашингтон визард и тоа беше нивна трета победа по ред со која дојдоа до учинок од 43 триумфи и 27 порази. Идентичен учинок има и Мемфис гризлис со кого го дели второто место на Западот, додека лидер е Денвер со скор 47-24, но игра во лоша форма и доживеа пораз на пет од последните шест натпревари.

Сакраменто пак, кој последен пат играл во плеј-офот во далечната 2006 година, има три победи ред, што е најдобра серија за екипа од Западната конференција.
Најдобар кај Кралевите во дуелот со Вашингон беше Домантас Сабонис со 30 поени, 9 скокови и 10 асистенции, а Теренс Дејвис натпреварот го заврши со 21 поен.

Филаделфија предводена од Џоел Ембид кој стана лидер во трката за МВП признанието, ја победи Индијана пејсерс со 141:121 и се искачи на второто место на табелата во Источната конференција.

Филаделфија има скор 48-22, додека Бостон кој загуби од Јута џез има 49-23. До осмата победа по ред, што претставува најголема победничка серија во моментов во НБА, Филаделфија ја предводеше Ембид со 31 поени и по седум скокови и асистенции. 31 поен даде и Тајрис Макси, додека Тобајас Харис постигна 24 поени, а кај Индијана се најдобар беше Арон Несмит со 25 постигнати поени.

Резултати: Индијана – Филаделфија 121:141, Торонто – Минесота 122:107, Чикаго – Мајами 113:99, Мемфис – Голден Стејт 133:119, Вашингтон – Сакраменто 118:132, Јута – Бостон 118:117.

- Оглас -

Најнови вести