Доминик Тим му е следниот противник на Рафаел Надал во групната фаза од АТП финалниот турнир кој се игра во Лондон. Во дуелот меѓу вториот и третиот светски рекет ќе се бие битка за првото место и речиси обезбеден пласман во полуфиналето.
Австриецот има шанси да му ги помати сметките на Рафа со оглед на тоа дека се игра на тврда подлога. Двапати се сретнале на тврда подлога, а Тим го доби последниот дуел во четвртфиналето од ОП на Австралија.
Во вкупно 14 меѓусебни дуели, Надал има подобар биланс со 9-5, од кои повеќето се играа на земја, а таму Шпанецот е неприкосновен. Проблем за Австриецот може да биде фактот што повеќе се истроши во победата над Циципас во првото коло, додека Надал немаше проблеми против Рубљев.
Дуелот е предвиден за 15 часот, а вечерва играат уште Циципас против Рубљев, тоа е вториот меч од групата Б.