Тим му даде фора на Кирјос од два сета, а потоа го растури

Доминик Тим се избори за осминафинале на Отвореното првенство на Австралија по драматичниот дуел против домаќинот Ник Кирјос во кој вицешампионот триумфираше по пет сета со 4-6, 4-6, 6-3, 6-4, 6-4. Третиот светски рекет до големиот пресврт стигна по речиси три и пол часа битка и закажа дуел против Григор Димитров.

Австриецот како да му даде фора на Кирјос да дојде до водство од 2-0 во сетови, а потоа го демонстрираше својот победнички менталитет.

Тим стартуваше со брејк во третиот сет, што му даде самодоверба да намали на 2-1 во сетови, а потоа го скрши отпорот на австралискиот тенисер со нов одземен сервис за 5-4 во гемови пред да дојде до израмнување. Се играше гем за гем до 3-3, Тим потоа поведе со нов брејк и беше јасно дека ќе оствари голем пресврт за пласман во наредната фаза.

Во меѓувреме Ожер-Алисим во три сета (7-5, 7-5, 6-3) го елиминира Денис Шаповалов.

- Оглас -

Најнови вести