19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Тим од Барселона му заврши голема работа на Реал Мадрид

Севилја одигра само 1:1 на гостувањето против Еспањол и дополнително го зголеми заостатокот зад лидерот по 25 кола во Ла Лига.

Може да се каже дека Еспањол му заврши голема работа на Реал кој сега има предност од шест бода пред второпласираниот тим. Гостите поведоа со голот на Рафа Мир во 36-та минута, додека израмнувачкиот гол беше дело на Серџи Дардер на стартот од вториот дел.

Дефанзивецот на Севилја, Жулиен Кунде во 80-та минута доби црвен картон со што мораше предвреме да го напушти теренот.

- Оглас -

Најнови вести