Тим од четврта лига во Англија има повеќе гледачи од тоа што има на стадионите во Саудиска Арабија

Фудбалската ренесанса која во 2023 година се случува во Саудиска Арабија е нешто што никој не можеше да го претпостави пред само една година. Кристијано Роналдо беше првата суперѕвезда која реши да си замине од Манчестер јунајтед и потпиша за Ал Наср.

По Роналдо, се охрабрија и многу други играчи да заиграат во ова непопуларно фудбалско првенство, па тука пристигнаа докажани играчи како Карим Бензема, Нејмар, Садио Мане и многу други.
И покрај големито број на ѕвезди, трибините на стадионите не се полни. Според досегашната пресметка, средбите во првенството на Саудиска Арабија во просек ги следат 8.500 гледачи. Тоа е за 24 отсто зголемена гледаност во однос на минатата сезона, но сепак е под просекот на публика што сезонава ја има англискиот четвртолигаш Врексам. Овој англиски клуб до лани играше во петата лига, а сега во четвртото по ранг натпреварување во Англија, има повеќе публика од тоа што има на мечевите каде има суперѕвезди како Роналдо, Бензема, Нејмар…

Колку за споредба, во Премиерлигата и германската Бундеслига сезонава во просек има преку 40.000  гледачи, што е речиси пет пати повеќе од просекот на публика што ја има на фудбалските дуели во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести