Тим преку Чориќ до четвртфинале во Париз

Доминик Тим со 2-1 (6-7, 6-2, 7-5) во сетови го совлада хрватскиот тенисер Борна Чориќ во осминафиналниот дуел на АТП Мастерсот во Париз. Тим во следното коло ќе игра против Американецот Џон Сок, за пласман меѓу четворицата најдобри на турнирот.

Австриецот по првиот сет се најде во негатива, откако беше неизвесно до 6-6, па Чориќ со 7-3 го освои тајбрејкот. Во вториот сет, сосема различно издание на Тим, со два брејка за брзо израмини на 1-1, а за комплетен пресврт мораше добро да се намачи. Хрватот стигна до предност од 3-1, а Тим во продолжението на трипати направи брејк и при негов сервис, го реши мечот.

Во 19.30 треба да започне дуелот меѓу Федерер и Фоњини, а последната осмофинална пресметка е меѓу Андерсон и Нишикори, по што ќе се знаат сите чевртфинални парови.

- Оглас -

Најнови вести