Тимбер мора на нова операција

Дефанзивецот на Арсенал, Јуриен Тимбер, ќе мора да биде подложен на операција на скочниот зглоб, што дополнително ќе ја забави неговата претсезонска подготовка.

По детални медицински прегледи, стручниот штаб на лондонскиот клуб одлучи дека хируршката интервенција е неопходна. Засега не е прецизирано кога Тимбер би можел да се врати на терените.

Проблемите со зглобот се појавиле пред околу еден месец, по што Холанѓанецот започна како стартер само на еден од последните седум натпревари на Арсенал во Премиер лигата.

Топчиите и оваа сезона останаа без трофеј, а ќе го завршат шампионатот во Премиер лигата на втората позиција.

- Оглас -

Најнови вести