Тимот кој е најпрофи за антифудбал во Шпанија уште еднаш ги разгоре страстите кај противниците (Видео)

Атлетик Билбао и Хетафе ремизираа 2:2 во меч од седмото коло на шпанското првенство, а гостите на крајот беа многу позадоволни од резултатот. Хетафе по секоја цена сакаше да го задржи бодот од ова тешко гостување, па во последните минути од дуелот, фудбалерите на овој тим демонстрираа антифудбал, односно професионалност за тоа како треба да тече времето без да има игра на теренот.

Кулминација на задржувањето на времето и опструкција на теренот се случи буквално во последните моменти од средбата. Гостинскиот играч Кармона, кој беше надвор од теренот покрај својот тренер Бордалас, само падна на тревата и почна да се превиткува, иако неколку секунди претходно не му беше ништо.

Шпанските медиуми уверуваат дека токму тренерот на Хетафе, Бордалас, му сугерирал на фудбалерот да глуми повреда за да не дозоволи Атлетик Билбао да тргне во последниот напад.

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, реагираше кон Бордалас велејќи му дека жестоко го навреди противникот. Навредите ги слушнал и главниот судија, кој веднаш му покажа црвен картон на Бордалас, кој секако ќе беше исклучен затоа што четвртиот судија сигнализирал на главниот дека токму тренерот бил тој што го натерал Кармона да глуми повреда. Стратегот на Хетафе и претходно сезонава покажа дека е „мајстор“ за антифудбал и задржување на времето кога неговиот тим одигра реми против Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести