Тимот којшто играше во ЛШ стравува да не испадне, борба за титула во Белгија

1380 Атлетико Мадрид – Рајо Валјекано (21:30 ч.)

Мадридска пресметка на две екипи на коишто главна карактеристика им е добрата одбрана. Атлетико Мадрид уште има теоретски шанси да се бори за титулата, додека Рајо е комотен, но ако му се укаже шанса, може да се бори и за излез во Европа.

Јорганџиите доминираат кога се работи за меѓусебните дуели со Рајо, па во последните 17 пресметки Атлетико има 13 победи, а четирипати било нерешено.

Предлог тип: 1-1&0-3 (3.40)

 

1378 Леганес – Жирона (19 ч.)

Алармантна е состојбата кога се работи за Жирона. Тимот кој сезонава играше во Лигата на шампионите сега е во опасност да испадне од шпанското првенство. Дури седум порази и само три ремија има Жирона во последните 10 кола, па затоа сега е само на три бода од зоната за испаѓање.

Леганес веќе е во опасната зона само со 29 бода, но токму на овој меч ја гледаат шансата да се обидат да се спасат затоа што со евентуални три бода ќе имаат реални шанси за опстанок.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.13)

 

1659 Бриж – Ројал Унион (20:30 ч.)

Дуел на две екипи кои се борат за титулата во Белгија. Бриж е во одлична серија од шест победи во првенството, а и Ројал Унион има низа, и тоа од четири триумфи.

Традицијата вели дека на 11 од последните 12 меѓусебни дуели двата тима постигнувале барем по еден гол, а дури деветпати било ГГ3+, што е најава за нова пресметка со многу погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.12)

 

3032 Болоња – Емполи (21 ч.)

Реванш-меч од полуфиналето на Купот во Италија. На првата средба, Болоња убедливо победи на гости со 3:0 и сега на свој терен само формално треба да го обезбеди местото во финалето. Ако не се смета куп-пресметката, последните три меѓусебни дуели завршиле со не повеќе од два гола.

Болоња сигурно и сега ќе сака без многу напор, на рутина да ги одработи овие 90 минути, па не треба да се очекуваат многу возбудувања.

Предлог тип: 0-1 (3.35)

 

1632 Твенте – ПСВ (21 ч.)

ПСВ грчевито се бори да ги задржи шансите да остане во трка за титулата во Холандија, каде што моментално заостанува девет бода зад Ајакс. Твенте е на петтото место, но овој тим влезе во лош ритам и освои само два бода во последните четири меча.

ПСВ е убедливо најефикасната екипа со просек од три погодоци на меч, а прима и еден гол во просек. Гигантот од Ајндходен има пет победи по ред против Твенте и во просек има над три гола, што значи дека треба да биде возбудливо.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)

 

- Оглас -

Најнови вести