Тимот кој ќе биде на седмото место во Премиер лигата може да игра во Лигата на шампионите следната сезона

Уште неколку дена во светскиот фудбал актуелни ќе бидат националните селекции, а потоа се враќаат возбудувањата во клупскиот фудбал. Англиската Премиер лига секогаш привлекува посебно внимание и тоа е првенство каде што најголем број клубови се борат за позициите кои водат во Европа, а најмногу посакувањата се да се биде дел од Лигата на шампионите.

Оваа сезона имаше вкупно шест англиски клубови во Лигата на шампионите, а калкулациите покажуваат дека следната сезона бројот на англиски екипи во елитното друштво на УЕФА може да биде и седум. За да се случи тоа, потребно е да се вклопат неколку „коцки“.

Ако Астон вила ја освои Лигата на Европа и на крајот заврши на петтото или шестото место во Премиер лига, и второто „Ако“ е: ако Ливерпул ја освои Лигата на шампионите и крајот заврши на петтото или на шестото место во Премиер лига. Доколку овие работи се случат, тимот кој ќе заврши на седмото место во Премиер лигата ќе добие шанса да игра во Лигата на шампионите за следна сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести