10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Тимот кој нема ниедна победа вечерва е фаворит, шампионот ќе продолжи да гази

Вкупно шест меча се играат вечерва во НБА-лигата, а само на два дуелa гостите се во улога на фаворити. Актуелниот првак Оклахома гостува кај Лос Анџелес клиперс во обид да ја продолжи перфектната низа. Оклахома има седум победи во седум натпревари, а и кога се пресметките против Клиперс, имаат пет победи по ред.

За разлика од Оклахома, Њу Орлеанс пеликанс има шест порази во шест меча и сега на свој терен се надева дека конечно ќе победи, а противник е Шарлот хорнетс.

Најлесно до победата се очекува да стигне Голден стејт, кој на свој терен игра против Феникс.

Во понудата за „плус-минус“ поени има дури 60-mina кошаркари кои вечерва треба да бидат на теренот. Најголема е границата на Јанис Адетокумбо, кој за да биде во плус, треба да надмине 31,5 поен.

На првата ѕвезда на Голден sтејт, Стеф Кари, границата е на 24,5 поени, а на иста граница се и Зајон Вилијамсон од Њу Орлеанс и Лемело Бол од Шарлот.

- Оглас -

Најнови вести