Тимот кој нема пораз во 2023 година води на полувреме против Македонија Ѓорче Петров

Македонија Ѓорче Петров губи со 0:1 на полувреме од летонскиот ривал РФС во меч од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Дуелот се игра на теренот „Петар Милошевски“ на стадионот во комплексот на ФФМ, а временските услови се пеколни.

Иако ривалот доаѓа од Летонија каде се научени на многу поладни температури, подобро се снајдоа на пеколното сонце. Лавовите од Ѓорче Петров не успеаа да упатат ниту еден удар кон противничкиот гол, додека гостите кои имаа поголема контрола на топката, направија акција за гол која ја реализираа во 34 минута.

Српскиот интернационалец Андреј Илиќ лесно ја погоди празната мрежа од пет метри, по асистенцијата на Куасидо. РФС можеше да поведе и со 2:0, кога повторно се закани Илиќ, но неговиот удар во 44 минута заврши во пречката од голот на Стевковски.

РФС е тим кој во 2023 година нема ниту еде пораз. Во домашното првенство има одиграно 22 меча и има биланс од 15 победи и седум нерешени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести