36.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Тимот кој загуби со 8:0 од Челзи реши да го „поздрави“ Пари Сен Жермен

Ерменскиот тим Ноа имаше што да каже по финалето на Светското клупско првенство, на кое триумфира Челзи. Англискиот тим во финалето на СКП со убедливи 3:0 славеше над Пари Сен Жермен.

Ноа е тим кој на почетокот на сезонава играше против Челзи во Конференциската лига на УЕФА и загуби убедливо со 8:0. Од Ноа сега имаа порака со која го „поздравија“ ПСЖ.

„Бидејќи сите го чекате ова, семејството на Ноа му честита на Челзи за нивниот неверојатен успех на Светското клупско првенство. Тоа е само уште еден доказ дека пријателите во фудбалот се поважни од сите трофеи. И претпоставуваме дека губењето од 0:8 во групната фаза е подобро од губењето од 0:3 во финалето, нели?“, беше пораката од Ноа на официјалниот профил на клубот на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести