Тимот на Јанис готви изненадување за Олстар-ѕвездите на Леброн Џејмс

Нова комбинација од НХЛ-мечеви и долгоочекуваниот Олстар-меч во Шарлот вечерва се на нашето мени во Полноќниот експрес. Типуваме дека тимот на Јанис Адетокумбо може да го изненади спротивниот табор што го одбра Леброн Џејмс и победи на шампионот Вашингтон и на Монтреал во НХЛ.

Детроит ред вингс – Филаделфија флаерс (НХЛ, 01.00 часот)

Неверојатен меч одиграа двете екипи пред две вечери, а Филаделфија прокоцка предност од 5:1 во регуларниот дел, но сепак победи со гол во продолжението. Детроит постигна четири голови во последниот период, но не успеа докрај да го комплетира пресвртот, што би било рамно на чудо.

Ноќеска ќе играат во Детроит и повторно се очекува голеада, бидејќи двете екипи заостануваат зад конкурентите за плејофот во Источната конференција. Последните пет меѓусебни дуели им се многу ефикасни, а три од нив завршија нерешено во регуларниот дел.

Предлог тип: >5.5 голови (1.77)

 

Њу Џерси девилс – Бафало сејбрс (НХЛ, 01.00 часот)

Бафало бие жестока битка за да се доближи до позиции кои гарантираат настап во доигрувањето за титулата, а Сејбрс долго паузираат од плејофот.

За разлика од нив, Њу Џерси речиси и да нема шанси за таков подвиг,бидејќи има само 52 бода и е само пред Отава во Источната конференција.

Голем потстрек за Девилс е подвигот против Минесота, сличен на тој што го направи Детроит со Филаделфија, но тука имаше комплетен пресврт. Њу Џерси губеше со 1:4, израмни на 4:4, а потоа и победи со гол во дополнителното време.

И тука најдобро е да се одигра на голови бидејќи двете екипи се тука некаде со квалитетот.

Предлог тип: >5.5 (1.77)

 

Флорида пантерс – Монтреал канедиенс (НХЛ, 01.00 часот)

Флорида има нова лоша сезона и иако се очекуваше конечно да направи прогрес, се наоѓа во долниот дел на табелата во Источната конференција. И има два порази по ред од Канаѓаните, кои, пак, загубија три меча во низа и ќе сакаат да ја прекинат лошата серија.

Монтреал бие битка за плејоф и е голем фаворит за победа.

Предлог тип: 2 (2.75)

 

Тим Јанис – Тим Леброн (НБА Ол- Стар, 02.00 часот)

Се чини дека превисок е коефициентот на победа на тимот на Јанис Адетокумбо, бидејќи на прв поглед двата Олстар-состави се израмнети.

Како и вообичаено, публиката во Шарлот очекува шоу со многу атрактивни потези, па можно е и границата од 311,5 поени да биде надмината.

Овде би ризикувале со тип на победа на тимот на Јанис комбинирано со плус кошеви.

Предлог тип: 1&>311.5 (4.45)

 

Анахејм дакс – Вашингтон капиталс (НХЛ, 03.00 часот)

Што да се очекува од тим што има 8 порази на последните девет натпревари? Анахејм игра многу лош хокеј во овој период од сезоната и ќе ја прекине низата од редовни настапи во плејофот.

И што е уште полошо од Нова година наваму, Патките претрпеа неколку бродоломи со резултати од 9:3, 6:2…

Вашингтон е шампион, но воопшто не е сигурен за настап во плејофот, бидејќи во последно време игра по принципот „топло-ладно“. Овечкин е во форма, но останатите ѕвезди на Капиталс се тивки во овој период. Сепак, гостите се поквалитетни во моментов и ќе победат против лошиот Анахејм.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

 

- Оглас -

Најнови вести