Пораз со огромни 89:53 претрпе сениорската кошаркарска селекција на Македонија во пријателскиот меч против Црна Гора, кој вечерва се одигра во Бар.
Александар Јончевски го одбележа дебито на селекторското столче со пораз, а овој дуел требаше да биде загревање за обврските подоцна месецов, кога Македонија против Данска и Словачка ќе ги одмери силите во претквалификациите за Евробаскетот 2025.
Резултатот од контролката отвори прашања колку нашиот национален состав е подготвен за дуелите кои се закажани на 25 и 28 август, во кои прво на Данците ќе им гостуваме, а ќе ја пречекаме Словачка во СЦ „Борис Трајковски“ три дена подоцна.