Тимот на кој му нема спас во Германија носи и петти тренер сезонава

Последнопласираниот тим во германската Бундеслига, Шалке 04, реши да назначи и петти тренер сезонава. Според најавите, тоа ќе биде Гркот Димитриос Грамоцис. Некогашниот грчки репрезентативец треба да седне на испразнетото тренерско место откако во неделата отказ доби Кристијан Грос.

Шалке е во сериозен финансиски, но и резултатски проблем. По 23 одиграни кола, тимот од Гелзенкирхен е „закован“ на дното од табелата само со девет бода. Херта, која е на последната позиција што носи опстанок во елитата, сега има 18 бодови. Главна задача на Грамоцис ќе биде да се обиде конечно да донесе позитивни резултати во Бундеслигата.

Сезонава тренери на Шалке беа: Давид Вагнер, Мануел Баум, Хуб Стевенс и Грос.

 

- Оглас -

Најнови вести