Газијантеп ја порази Анталијаспор со 5-2, и изби на прво место на табелата во турската Суперлига. По комплетирањето на четвртото коло, сигурно е дека нема да има тим со повеќе бодови од Газијантеп.
Гостите водеа со 2-1 по првото полувреме, но Газијантеп направи пресврт во вториот дел, со четири голови од 54-та до 73-та минута, па на крај извојува и убедлив триумф.
Член на Газијантеп е Лука Станковски. Младиот македонски напаѓач ги одигра последните десетина минути од средбата.