Бенфика доживеа уште едно разочарување во Лигата на шампионите откако загуби со 1-0 на домашен терен од Баер Леверкузен и покрај тоа што доминираше во поседот на топката во поголемиот дел од натпреварот.
Тренерот на Бенфика, прославениот Жозе Мурињо, изрази жалење за резултатот велејќи дека неговиот тим бил подобар на теренот, но не успеал да ги реализира своите шанси. Португалскиот гигант сè уште нема освоено ниту еден бод во првите четири натпревари, а интересно е дека Мурињо е голем оптимист, потенцирајќи дека има уште четири дуели.
Бенфика во четирите меча во Лигата на шампионите има четири порази, има дадено само два гола, а примено дури осум, па тимот од Лисабон е на 35-тото место од 35 селекции.
Benfica through four UCL league phase games:
– 0 wins ❌
– 0 draws ❌
– 4 losses 🫠
– 2 goals scored 😬
– 8 goals conceded ➡️
– 35th place 📉Someone check on @aa9skillz pic.twitter.com/RPm2x1EhAa
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) November 6, 2025
„Жал ми е за тимот кој одигра многу добар натпревар, а потоа направи грешка само во една ситуација. По голот, Баер се врати и ги затвори просторите со високи и физички силни играчи. Ние не сме тим кој е доминантен во воздушните дуели и тоа се чувствуваше. Сè уште сум горд на квалитетот на играта, иако сум разочаран од поразот“, рече Мурињо.
Португалскиот стратег нагласи дека планот за игра беше изведен речиси совршено и немаше забелешки за фудбалерите.
„Многу од работите што сакавме да ги направиме беа спроведени со дисциплина и посветеност. Движењата на Лукаку, одењето подлабоко на Павлидис, продорите на Грималдо во центарот… Сè беше изведено како што треба. Ако го повториме овој натпревар уште десетпати во истите ситуации, во девет од нив победуваме. Денес беше единствениот пат кога не постигнавме гол“, додава Мурињо, по четвртиот пораз во исто толку средби во Лигата на шампионите оваа сезона.

