Тимот на Нејмар е највредниот што не игра во Европа

Според „Трансфермаркт“, саудискиот клуб Ал-Хилал се наоѓа на 38-мото место на највредни клубови во светот и тоа е најдоброрангиран клуб кој не е од Европа. Ал-Хилал, во чии редови е Нејмар, е со вредност од 258,4 милиони евра. Ал-Ахли е на 58-мото место на оваа листа, а Ал-Наср е две позиции подолу, односно на 60-тото место во светски рамки. Колку за споредба, бразилскиот Фламенго има вредност од 160.7 милиони евра.

Ал-Хилал потроши дури 353 милиони евра во летниот преоден рок успевајќи да потпише со Нејмар (90 милиони евра), Малком (60 милиони евра), Рубен Невес (55 милиони евра), Александар Митровиќ (52,6 милиони евра), Сергеј Миленковиќ-Савиќ (40 милиони евра), Калиду Кулибали (23 милиони евра), Боно (21 милиони евра) и Хасан Тамбакти (11,5 милиони евра).

 

- Оглас -

Најнови вести