Фудбалерите и стручниот штаб на Работнички пристигнаа во унгарскиот град Сомбател, каде што в четврток ќе го одиграат првиот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига против белорускиот тим Торпедо-Белаз. Поради санкциите од УЕФА, белоруските клубови не смеат да играат на домашен терен, па Торпедо реши улогата на домаќин да ја има во Унгарија, на стадионот на Халадаш.

Романтичарите ќе имаат на располагање три дена за аклиматизација и подготовка пред важниот натпревар.

Дуелот меѓу Торпедо-Белаз и Работнички е закажан за четврток во 20 часот.