Екипата на Ал-Итихад на домашен терен го пречекува Ал-Раед во меч од 18-тото коло на првенството во Саудиска Арабија и се очекува лесна победа на фаворитот. Ал-Итихад има седум победи по ред во сите натпреварувања, додека Ал-Раед има само еден триумф во последните пет средби.
Ал-Итихад ја има најдобрата одбрана сезонава и досега прими само шест гола, што значи дека во просек прима по еден гол на секои три средби. Ал-Раед се бори за опстанок и ќе биде многу тешко да освои барем еден бод вечерва.
Кога се работи за меѓусебните дуели, Ал-Итихад има четири победи и четири нерешени, додека Ал-Раед речиси четири и пол години чека радост над овој ривал.
Ал-Итихад има 40 бода, колку што има и Ал-Наср на Кристијано Роналдо, како и Ал-Шабаб, кој е трет, што покажува дека ќе има жестока борба за титулата во првенството.