Екипата на Ал-Наср е голем фаворит на гостувањето кај Ал-Феиха во меч од 23 коло на првенството на Саудиска Арабија. Ал-Феиха е на средината од табелата, без шанси голем напредок, но и речиси е спасен од испаѓање.
Ал-Наср победувал на шест од последните седум средби на овие два тима, а еден дуел завршил нерешено. Тимот во кој главна ѕвезда е Кристијано Роналдо е во трка за титулата во првенството што значи дека не смее да си дозволи кикс.
Се очекува уште во првото полувреме фаворитот да ги реши сите дилеми околу победникот и ова да биде дуел кој ќе заврши „два во два“ со обложувачки речник.
Освен Ал-Наср, вечерва игра и Ал Итихад, кој е лидер во првенството. Ал Итихад гостува кај Ал Вехда, која е во опасност дека може да испадне. Во последните 10 кола, Ал Итихад има девет победи и само едно реми, па со еден бод пред Ал-Наср е на чело на табелата, што значи дека и вечерва треба лесно да слави.