Тимот се сликаше, а голманот се заигра со играчот пред него (Видео)

Голманот на шпанскиот третолигаш Линарес, Бримах Разак од Гана, на фотографирањето пред натпреварот игран вчера против Велез направи еден потег кој беше снимен и го направи популарен на социјалните мрежи.

Додека сите други стоеја мирно, Разак почна со движења напред-назад, симулирајќи секс со соиграчот кој стоеше наведнат пред него. Соиграчот на крај почувствува дека нешто се случува и реагираше рефлексно, но веќе беше доцна.

Линарес игра супер, има 13 победи во 14 кола, атмосферата во тимот е одлична, па веројатно и затоа некои си дозволуваат да се забавуваат на терен малку повеќе од потребното.

https://twitter.com/i/status/1196808188353564673

- Оглас -

Најнови вести