1311 Спортинг Хихон – Алкоркон (19 ч.)
Спортинг Хихон е единствениот тим во втората шпанска лига нема пораз сезонава. Во 15 меча на свој терен, Спортинг има девет победи и шест нерешени. Одбраната е главен адут на домаќините кои во 30 меча примиле само 21 гол, па тоа е знак дека не треба да имаат проблем против ривалот кој е во зоната за испаѓање.
На Алкоркон му требаат бодови за опстанок, но тешко дека во Хихон ќе може да остане непоразен. Тоа што е карактеристично за дуелите на овие два тима е дека на пет од последните шест меча имало меѓу 2 и 3 гола.
Предлог тип: 1&2-3 (4.15)
1312 Кастељон – Еспањол (21 ч.)
Тимот од Барселона е во поход да се врати во Примера дивисион, а за да биде сигурен во такво нешто мора да остане на една од првите две позиции на табелата. Кастељон нема нерешено на свој терен сезонава (седум победи и осум порази).
Еспањол седум меча е без пораз во првенството, но и Кастељон игра солидно па е со две победи и две нерешени на последните четири меча. Во последните пет меѓусебни меча Еспањол има три победи и две нерешени, а Кастељон има дадено само еден гол во овие пет дуели.
Предлог тип: 2 (1.70)
1640 МВВ – Алмере (18:45 ч.)
Алмере е во борба за позициите кои водат место во холандската елитна лига, додека МВВ е во долниот дел од табелата. Домаќините имаат слаба одбрана и во досегашните 29 кола примиле дури 58 погодоци, односно точно два погодоци на меч.
Алмере има солиден напад и постигнува преку два погодоци на средба. Гостите се фаворити, но на овој меч најсигурно е да се игра дека ќе има погодоци.
Предлог тип: ГГ3+ (1.93)
1641 Ајндховен – Осс (21 ч.)
Дуел на две екипи кои се со просечен квалитет и за втора лига. Ајндховен нема ниту една победа во 2021 година. Последен пат овој тим се радувал на 12 декември, а потоа нареди 13 средби во кои имаше четири реми и дури девет порази.
Осс дури 16 дуели е без нерешен резултат (осум победи и осум порази). Головите треба да бидат загарантирани и да има во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)
1604 Мауританија – Мароко (20 ч.)
Меч кој треба да го потврди Мароко како патник на Купот на Африкански нации. Гостите се со фаворитска улога, но не треба да се заборави дека токму Мауританија е единствена која во овие квалификации успеа да се одбрани и да не прими гол против големиот ривал и тоа на гостински терен.
Сепак, ако се спореди квалитетот на двете селекции и фактот дека Мароко има четири победи и само едно реми во петте дуели со овој ривал, реално е гостите да се радуваат како што тоа го направиле во триумфите од 4:0, 5:0, 4:1 и 4:1.
Предлог тип: 2 (1.75) – Супер тип во Sport Life

