32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Тимот со „најлуди“ навивачи во Англија вечерва треба да победи

1122 Шефилд јунајтед – Дерби каунти (20:45 ч.)

Дуелите од Лига купот на Англија секогаш се возбудливи, посебно кога се работи за две екипи со израмнет квалитет. Ова се два ривали кои се дел од Чемпионшип. Шефилд минатата сезона испадна од Премиер лигата, а и сега не игра добро во послабото по ранг натпреварување.

По четири кола, Шефилд нема ниедна победа и само со еден даден гол го има најслабиот напад. И Дерби игра дефанзивно, по четири меча гол-разликата му е по три дадени и примени гола, што значи дека може да нема многу погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.20)

 

1118 Милвол – Кембриџ (20:45 ч.)

Милвол е една од оние екипи кои „живеат“ за мечевите од Купот. Лондонскиот тим е познат по тоа дека ги има едни од најжестоките навивачи, а фактот дека сега за ривал има клуб кој е една лига послабо рангиран, го прави голем фаворит.

Во првото коло Милвол го елиминира Портсмут, но потоа во првенството во три меча освои само еден бод, па ова ќе биде мотив плус конечно да им донесе нова радост на фановите. Кембриџ има само една победа во четири меча во третата лига и реално е аутсајдер вечерва.

Предлог тип: 1-1 (2.16)

 

1112 Блекпул – Сандерленд (20:45 ч.)

На овој меч строго ќе се држиме до традицијата, а таа вели дека играат досадни мечеви. Во последните две години се сретнале петпати и трипати имало само по еден гол, а двапати завршило 1:1. Сандерленд и сезонава во Лига еден нема одиграно меч со повеќе од три гола, што само потврдува дека дефанзивата е нивно најдобро оружје.

Блекпул лошо стартуваше во Чемпионшип и нема ниедна победа по четири кола, па Лига купот е негова шанса за радост.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.60)

 

1114 Кардиф – Брајтон (20:45 ч.)

Брајтон е позитивното изненадување во Премиер лигата и по првите две кола има максимални шест бода. И Кардиф добро почна во Чемпионшип и нема пораз на четири средби, па ова може да биде интересен меч.

Двете екипи сакаат да се надигруваат, па може да очекуваме подогоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.16)

 

1116 Хадерсфилд – Евертон (20:45 ч.)

Ова треба да е меч со повеќе голови. Хадерсфилд игра отворено, напаѓачки, па често дава, но и прима голови. Евертон е фаворит, но домашниот терен треба да е мотив повеќе за тимот од Чемпионшип. Евертон во двата меча од првенството одигра ГГ4+, што само е најава дека и вечерва може да гледаме гол-шоу.

Предлог тип: ГГ3+ (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести