Тимот со најмалку нерешени во Серија А конечно ремизира во спектакуларен меч!

Сасуоло и Наполи одиграа 3-3 во суперинтересен меч од Серија А, на кој ниту еден тим не заслужи пораз. За Наполи ова е само второ реми сезонава, а малку фалеше да победи и на стадионот „Мапеи“.

Мечот во Реџо Емилија беше интересен бидејќи прво на гостите им беше поништен гол, па Наполитанците си дадоа автогол, примија гол и од пенал, а Зјелински потврди дека е во одлична форма, постигна гол за Наполи и сето тоа во првото полувреме.

Во 67-мата минута, при 2-1 за Сасуоло, во игра влезе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и случајно или не работите тргнаа на подобро за гостите. Наполи со два гола го сврте резултатот во своја полза. Кога погоди Инсиње од пенал во 89-тата минута, се чинеше дека Наполи ќе ги освои трите бода со „еден во два“ победа, но Капуто од пенал во 94-тата минута ги постави конечните 3-3.

- Оглас -

Најнови вести