Алекс Албон имаше инцидент на тренинзите во Мелбурн и многу го оштети својот болид, па од неговиот тим Вилијамс донесоа непопуларна и тешка одлука, викендов да имаат само еден свој претставник на квалификациите и на трката наместо двајца.
https://twitter.com/i/status/1771008608358334694
Но, она што посебно шокираше е што отпишаниот не е Албон, кој го уништи својот болид, туку неговиот тимски колега Логан Сарџент. Од Вилијамс одлучија Сарџент да биде исфрлен од конкуреција, а Албон ќе го вози неговиот болид.
Американецот Сарџент, кој не по негова вина нема да се трка викендов, рече дека ова му е најтежок момент во досегашната кариера.