Екипата на Јагиелонија која го има приматот првак на Полска, загуби на свој терен со 0:1 од Бодо/Глимт, во првиот меч од третото коло во квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. Аријан Диегуез Гранде си постигна автогол во 58 минута за Јагиелонија и тоа на крајот беше доволно гостите од Норвешка да си заминат со капитална предност пред реваншот следната недела на свој терен.
Јагиелонија е тимот кој денеска како нов играч го промовираше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Секако дека Чурлинов не беше во комбинација за денешниот дуел, а Јагиелонија ќе има тешок предизвик на гости да победи ако сака да се обиде да стигне до плејофот за пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.
На останатите два меча од квалификациите во ЛШ се радуваа домаќините. Славија Прага пред своите фанови со 3:1 славеше над Ројал Унион од Белгија, додека позитива од два гола во реваншот ќе има и Слован Братислава по победата со 2:0 над АПОЕЛ од Кипар.