Тимот за кој играа Шакири и Попов вечерва е подготвен за англиска историја

Сем Џонстон е најавен како прв голман на Англија за дуелот со Романците, вечерва од 18 часот и ако не се случи нешто непредвидено, тогаш тој че му донесе интересен рекорд на својот тим Вест Бромвич Албион.

Клубот од Бирмингем ќе го има седмиот различен голман на голот на Гордиот Албион и ќе биде запишан во англиската историја. Досега ниту еден друг англиски клуб немал дури 7 различни голмани што бранеле за Англија во богатата историја на една од најзначајните фудбалски сили на планетата.

Џонстон ќе дебитира за Гордиот Албион на „Риверсајд“ во Мидлсбро за половина час, а горди можат да бидат и Артим Шакири и Горан Попов, двајца наши поранешни репрезентативци кои играа за Вест Бромвич Албион.

 

- Оглас -

Најнови вести