Тимоти Фосу-Менса е најбрзиот фудбалер во Премиер лигата, пред португалскиот интернационалец Рубен Винагре од Вулверхемптон и германскиот репрезентативец Лерој Сане, кој игра за лидерот Манчестер сити.
Фосу-Менса игра како позајмен играч од Манчестер јунајтед во Фулам, а Холанѓанецот има најбрз спринт со малку повеќе од 35 километри на час и е за нијанса побрз од левиот бек на „волците“ Винагре. Зад нив се: Сане, Де Андре Једлин од Њукасл и дуото Фелипе Андерсон од Вест хем и Дивок Ориги од Ливерпул, кои отприлика трчаат со иста брзина. Сите фудбалери од „горниот дом“ се странци и нема ниту еден англиски играч.
Изненадувачки, на листата во топ 5 ги нема Обамејанг од Арсенал, кој важи за еден од најбрзите фудбалери на планетата, потоа и Рахим Стерлинг, Мо Салах, Џејми Варди и уште неколку играчи кои се познати по брзината.