32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Тимовите од Балканот се во фокусот од европските купови

6741 Партизан – АЕК Ларнака (21 ч.)

Партизан е во криза, посебно кога се во прашање настапите во Европа. Црно-белите едноставно како да заборавија како е да се победи во Европа, па не чудеше и поразот во првиот меч на Кипар.

АЕК го исфрли Партизан од Лигата на Европа и во 2022 година, а тогаш кипраните имаа една победа и реми. Партизан мора да брка да постигне погодок, но така се остава простор за гостите да бидат уште поопасни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.18)

 

6738 Целје – Сабах Баку (20 ч.)

Словенечкиот тим победи со 3:2 на првиот дуел, а интересно е дека тимот од Азербејџан двапати водеше, но на крајот загуби. Затоа сега и во реваншот може да се очекува интересен и отворен дуел, без многу калкулации и со погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.14)

 

6743 Динамо Брест – Сутјеска (20:30 ч.)

Динамо Брест славеше со 2:1 на гостувањето и сега е голем фаворит дома да го завери пласманот во следното коло. Предност за тимот од Белорусија е и фактот што тамошното првенство е во полн ек и веќе се одиграни 15 кола, додека за играчите на Сутјеска ова е старт на новата сезона.

Предлог тип: 1&2-4 (2.80)

 

6737 Клуж – Пакс (19:30 ч.)

По првиот меч немаше ниту еден гол, што значи дека вечерва мора барем еднаш да се тресе мрежата на еден од тимовите, па макар било и по изведување на пенали. Клуж е голем фаворит за победа, но тоа треба да го докаже и на теренот.

На првиот меч Клуж имаше иницијатива и повеќе шанси, па романскиот тим сега сигурно ќе биде поефикасен.

Предлог тип: 1-1 (2.07)

 

6708 Санта Колома – Борац Бања Лука (18 ч.)

Санта Колома го направи најголемото изненадување откако победи со 4:1 на гости. Тимот од Андора сега на свој терен треба да сочува предност од три гола, иако гостите сигурно ќе тргнат офанзивно.

Бидејќи Борац Бања Лука нема што да загуби, може да се очекува атак од самиот старт и многу голови.

Предлог тип: ГГ3+ (2.18)

- Оглас -

Најнови вести