Тимовите што победуваат не се менуваат, особено за финале на Европско првенство, а најавено е дека до добро познатата максима цврсто ќе се држат и Герет Саутгејт и Роберто Манчини.
Ниту англискиот, ниту италијанскиот селектор речиси сигурно нема да ги менуваат стартните состави на мечот за титулата, вечерва на „Вембли“ од 21 часот.
Англија ја победи Данска со 2:1 по продолженија, а формацијата 4-2-3-1 веројатно останува и за финалето со Италија. Саутгејт добиваше совети да го замени Бакајо Сака со Џејдон Санчо, или дури и со Маркус Рашфорд, но селекторот на Гордиот Албион нема да менува, објавуваат англиските медиуми.
Исто ќе биде и на спротивната страна, во таборот на популарните Аѕури, па формацијата 4-4-3 со истиуот состав што по пенал драма ги елиминира Шпанците во полуфиналето останува ист.
Единствена дилема како што најавуваат италијанските медиуми е дали Андреа Белоти да стартува на местото на Чиро Имобиле, но еден од најдобрите стрелци во Серија А веројатно ќе добие предност и пак како стартер ќе го предводи нападот на Италија.
ВЕРОЈАТНИ СОСТАВИ:
ИТАЛИЈА: Донарума – Ди Лоренцо, Бонучи, Кјелини Емерсон – Барела, Жоржињо, Верати – Инсиње, Имобиле, Киеза.
АНГЛИЈА: Пикфорд – Вокер, Стоунс, Мегваер, Шо – Филипс, Рајс – Сака, Маунт, Стерлинг – Кејн.