Тимовите што си даваа автоголови, Гевгелија и Скопје, РФМ ги исфрли од сите натпреварувања

Клубовите ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје се исклучени од сите натпреварувања под капата на Ракометната федерација на Македонија.

Ова е одлуката на РФМ за мечот во кој двата тима си постигнуваа автоголови со цел да загубат во Купот и да не прават дополнителни трошоци во следната рунда од ова натпреварување.

Суспендирани се и официјалните лица на двата клуба, како и делегатот. Прославената македонска ракометарка и поранешна репрезентативка Валентина Радуловиќ, како претседател на ЖРК Скопје, е суспендирана со забрана за вршење функција во ракометот во следните две години. Иста казна доби и тренерот на екипата, Веселинка Треноска.

Претседателот на ЖРК Гевгелија, Јулија Беќарова, идентично доби забрана за вршење ракометна функција во следните две години.


Делегатот на мечот Митко Ѓоргиевски е казнет со забрана за вршење функција во следните шест месеци.

- Оглас -

Најнови вести