Оскар Пјастри ја извојува првата Формула 1 победа во кариерата, историјата ја испиша благодарение на тимската наредба на тимот Мекларен, од каде бараа од Ландо Норис да му дозволи на тимскиот колега да триумфира.
После три години, Мекларен првпат има „еден-два“ победа.
Пјастри добро ја почна трката, но подоцна Норис го презеде водството. Преку тимското радио долго време го молеа Норис да забави и да го пушти Пјастри пред него, а Британецот попушти на крај, и на три круга до крајот му дозволи на Оскар да излезе пред него и да победи.
Луис Хамилтон беше трети, тоа е негов 200-ти подиум во кариерата.
Првакот Макс Ферстапен во обид да го претекне Хамилтон, во претера со агресивноста, се удри во него, „полета“, па падна на петта позиција, а имаше и среќа што не го оштети болидот.