Манчестер сити дојде до посакуваната победа над Њукасл со која се доближи на само минус два бода од премиерлигашкиот лидер Арсенал.
„Граѓаните“ со двата гола на 20-годишниот Нико О’Рајли дојде до значајни три бода и само ја вжешти борбата за титулата во Премиер лигата.
Тинејџерот стрелаше во 14-тата и во 27-мата минута, за 1-0 и за 2-1 за неговата екипа, додека Луис Хал во 22-рата минута успеа само да израмни на 1-1.
Арсенал останува лидер со 58 бода, но Манчестер сити сега има само два помалку, односно 56, додека Астон вила по ремито против Лидс заостанува со 51 поен, па се поизвесно е дека главната трка по титулата ќе ја водат „топчиите“ и „граѓаните“.

