15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Тинејџер му го даде најубавиот гол на Сити сезонава (Видео)

Брајтон и Манчестер сити одиграа 1:1 во меч кој на гостите ништо не им значеше затоа што веќе ја прославија шампионската титула во Премиер лигата. Овој дуел ќе се памети по одличната офанзивна игра на Брајтон, тим упати дури 20 шута кон голот на Сити.

Ова е трет најголем број удари кон голот на тим кој го предводи Пеп Гвардиола во тренерската кариера на Шпанецот. Атлетико Мадрид во далечната 2009 година против Барселона на Гвардиола има упатено рекордни 22 шута, додека Вулверхемптон во 2019 година шутна 21 пат против Сити на Пеп.

Од тие 20 удари на фудбалерите на Брајтон еден беше спектакуларен и заврши во мрежата. Тинејџерот Хуслио Енсисо беше стрелец на голот со кој Брајтон израмни, а го постигна на спектакуларен начин. Парагваецот, кој има само 19 години од над 25 метри шутираше силно и погоди директно во аголот каде што се спојуваат пречката и стативата.

- Оглас -

Најнови вести