Тинејџер на Арсенал претрча 70 метри и му даде гол на Челзи, Топчиите освоија бод на „Стемфорд бриџ“ (Видео)

Челзи може да жали што не победи против Арсенал затоа што ги имаше сите предуслови да стигне до трите бода, но гостите не се предадоа. Домаќините на „Стемфорд бриџ“ во 26-тата минута добија пенал, а беше исклучен Давид Луиз од Арсенал. Челзи поведе со 1:0, а имаше и играч повеќе.

Резултатот не се менуваше сè до 63-тата минута. Челзи изведе корнер, топката се одби до младиот напаѓач на Арсенал, Мартинели, кој со неа истрча 70-тина метри и успеа да го совлада Аризабалага. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Челзи во 84-тата минута повторно стигна до предност благодарение на голот на капитенот Аспиликуета, но радоста на домаќините кратко траеше. Капитенот на Арсенал, Белерин, возврати со иста мерка и погоди во 87-мата минута за 2:2, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

 

- Оглас -

Најнови вести