0.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Тинејџер од Херта со подвиг каков што во Германија не беше виден по Втората светска војна

Кенет Ајхорн од Херта Берлин испиша историја во германскиот фудбал. Тој со 16 години и 128 дена стана најмладиот фудбалер кој постигнал гол во Купот на Германија од Втората светска војна наваму.

Херта го прегази Кајзерслаутерн со 6-1 и се пласира во четвртфиналето на Купот, а Ајхорн го постигна третиот гол.

Претходниот рекорд му припаѓаше на Џуд Белингам, кој даде гол на возраст од 17 години и 77 дена, кога сè уште играше за Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести